Поврзете се со нас

Англија

Клоп: Вернер и Хаверц? Тоа се добри играчи, ама како да платиме 60 милиони фунти…

Објавено

на

Тимо Вернер и Каи Хаверц се двајца германски играчи за кои долго време се зборува во медиумите и се шпекулира за можни нивни трансфери од РБ Лајпциг и Баер Леверкузен во некои од најголемите европски клубови.

Меѓу тие клубови е и Ливерпул кој според медиумите во ситуацијата би ја искористил германската врска-тоа е Јирген Клоп за да дојде до овие офанзивци, меѓутоа вистината е сосема поинаква и за тоа проговори предводникот на актуелниот европски шампион.

-Има многу играчи на оваа планета. Тимо Вернер е одличен играч, Каи Хаверц е одличен играч. Вистинско време, можност, треба сите коцки да се поклопат. Пред шест, седум недели, не знаевме дали ќе можеме повторно да играме оваа година. Ако не ја одигравме втората половина од сезоната, ќе си помислевме „добро, кога пак ќе играме фудбал“. И сега се започнува -вели Клоп и додава:

-Во Англија има секакви гласини за тоа кој Манчестер Јунајтед ќе избере, Челси ќе донесе. Во Ливерпул е доста мирно на ова поле. Ако сакате да бидете сериозни, да водите нормален бизнис во кој ќе зависите од приходите и немате идеја колку ќе заработите…особено затоа што не знаеме кога ќе можеме повторно да да играме со гледачи.

-Во моментов, сите клубови губат пари. Без гледачи, треба да враќаме пари на оние кои имаат купено сезонски билети и веројатно нема да продадеме ништо за следната сезона. Најмалку за првите 10 или 15 натпревари. ВИП ложите нема да бидат полни. Ова ќе има влијание и на партнерите и работите ќе изгледаат сосема поинаку

-Да разговарате со играчите за работи како откажување од плата и потоа да купиме играч за 50-60 милиони фунти, тоа треба да го објасниме, -истакна Јирген.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни