Клоп веќе мисли на Атлетико: Доволни се силни, се надевам дека нема да го купат и него

klop-casovnik

Јирген Клоп му возврати на Оле Гунар Солскјер со зајадлива порака за време на прес-конференцијата која ја одржа во пресрет на големото англиско дерби кое е на програмата утре, но исто така имаше време да одговора и на прашања поврзани за неговиот следен ривал во Лигата на шампионите.

Со оглед на тоа што Ливерпул си создаде комотна предност во Премиер лигата, англиските новинари се обидуваат да извлечат изјави од Клоп за високите очекувања кои ги има и во Лигата на шампионите како бранител на титулата, а говорејќи за силината на неговиот следен противник, Клоп призна дека стравува од реализација на последните шпекулации во јавноста.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Атлетико работи со полна пареа за да го доведе Единсон Кавани во Мадрид уште во овој јануари, сценарио кое може да му донесе дополнителни главоболки и на Клоп.

– Мислам дека со Мората и Жоао Феликс се доволно добри и опасни. Мислам дека Диего Коста нема да може да игра на првиот меч. Како и да е, тие се доволни силни и во овој момент, се надевам дека нема да го купат и Кавани. Ако на крајот не го направат тоа, во секој случај ќе бидат многу комплициран ривал кој ќе го побара најдоброто од нас, – изјави Клоп.

Facebook Коментари