Поврзете се со нас

Англија

Клоп веќе има план за следната сезона: Дефинитивно ќе трошиме пари на лето

Објавено

на

Стратегот на Ливерпул, Јирген Клоп пред дерби пресметката со Манчестер Сити ги коментираше и плановите на клубот за следната сезона.

Ливерпул има слаба сезона и како што стојат работите ќе остане со „празни раце“ и без ниту еден освоен трофеј во годината.

Дека клубот мора да се менува е јасно, а тоа го потврди и самиот Клоп кој истакна дека дефинитивно ќе трошат на нови фудбалери следното лето.

– Дали ќе потрошиме 100 милиони на еден играч? Никогаш не сме зборувале за тие работи, но дефинитивно ќе трошиме на лето. Тоа можам да го кажам, дефинитивно.

– Клубот ќе троши на лето, на кого и колку, не можам да ви кажам точно, – изјави Јирген Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни