Клоп: ВАР никогаш нема да биде совршен, ама потребни се правилни одлуки

jurgen-klopp

Од пред неколку години почна да се употребува технологијата во фудбалот, но ВАР системот дефинитивно носи многу контраверзи, дилеми, нејаснотии, нешто што дефинитивно не требаше да биде така затоа што целта беше да се намалат грешките на судиите и секако неправдите.

Дел од јавноста смета дека ВАР треба целосно да се исклучи, некои сметаат пак дека мора работите да бидат појасни околу неговата употреба, став кој го дели и германскиот стратег, Јирген Клоп.

-ВАР може да се подобри, може. Никогаш нема да биде точно 100 проценти, тоа сите го знаат. Ама постојат неколку работи што не се во ред. Со ВАР, играта со рака, офсајд, јасно е дека мора да продолжиме да се подобруваме. Имаше добри идеи од УЕФА за тоа како можеме да ги средиме работите од судиите, така што сите се вклучени во тоа. Сè уште има простор за грешки. Овие работи ги прават човечките суштества и никој од нас не е совршен. Никој не бара совршенство, потребни се само правилни одлуки, -порача тренерот на Ливерпул.

Facebook Коментари