Клоп учел англиски јазик со помош на популарна тв серија

klop-crveno-kapce

Јирген Клоп им открил на англиските медиуми како почнал да го учи англискиот јазик, кој сега го зборува солидно откако неколку сезони го води Ливерпул.

Германскиот тренер признал дека основите ги научил преку популарната серија „Пријатели“.

– Почнав да го учам англискиот јазик гледајќи ги „Пријатели“, тоа е серија која беше направена за да биде лесно разбирлива и пријатна за гледање. Во изучувањето странски јазик постојат неколку нивоа, а на почетокот бев најдобар во разбирањето на се она што ми го зборуваа другите. Но, дијалозите во серијата беа лесни, го разбирав секој збор и затоа ја гледав.

– Што се однесува до сличности со Џои (еден од главните карактери), за жал јас не разговарам толку добро со жените, – потенцирал Клоп.

Facebook Коментари