Поврзете се со нас

Англија

Клоп: Треба да бидеме благодарни на таткото на МакАлистер

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп го подготвува Ливерпул за дербито со Арсенал, а во пресрет на овој важен дуел зборувал за индивидуалниот ефект на дел од своите фудбалери.

Германецот го споделил мислењето за Алексис МакАлистер, едно од последните засилувања за „црвените“ во неговата ера и има интересен став за квалитетите на Аргентинецот.

– МакАлистер има ист ефект во средниот ред како Жота во нападот, тој е како фудбалски доктор.

– Има неверојатна приказна со својот татко, чичко и со своите браќа, анализирајќи натпревари уште како дете. Не можеме да му бидеме доволно благодарни на неговиот татко поради таа фудбалска едукација, она што го прави на својата позиција е специјално, – истакнал Клоп.

Дербито Арсенал-Ливерпул се игра утре од 17:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни