Поврзете се со нас

Англија

Клоп: Тоа беше генијален фудбалски момент (ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул со пресврт дојде до трите посакувани бода во пресметката со Брајтон (2-1), триумф кој и овозможи на екипата да го преземе првото место на табелата и да биде во пол позиција за пехарот во Премиер лигата.

Луис Дијаз и Мохамед Салах беа автори на погодоците во овој 20. победа на „црвените“ кои во последните девет кола влегуваат со два, односно три бода повеќе во однос на Арсенал и Манчестер Сити.

Тренерот Јирген Клоп е задоволен од резултатот, а во исто време го потенцираше вториот гол на екипата како генијален потег, момент на неговите момци.

-Тоа е неверојатна топка [од Собослаи]. Тоа е креативноста и квалитетот, гледајќи го тоа. Тој го гледа Мака, неговиот прв допир е неверојатен и потоа го гледа Мо. Колку упропастивме топки во сите други моменти, беше добро што го имавме овој генијален фудбалски момент за да го завршиме натпреварот.

-Брајтон има неверојатен квалитет. Тоа е мерката што ја имам за тоа колку бевме добри затоа што навистина ги почитувам. Имаа шанси, наеднаш ризикуваа повеќе и малку се изморивме. Заслуживме да победиме во натпреварот. Тоа е она што го сакате, а потоа згора на тоа е навистина кул, -порача Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни