Поврзете се со нас

Англија

Клоп со величествен потег кон играчот кој посебно го сака: Заслужува проштален меч каков што доликува

Објавено

на

Адам Лалана сигурно нема да го гледаме во Ливерпул наредната сезона, но бидејќи договрот му истекуваше на крајот на овој месец, клубот сега се одлучи за еден величествен потег кој е прозиведен од Јирген Клоп.

Германскиот стручњак се погрижи Лалана да добие нов договор на краткорочен план, односно се до моментот кога ќе заврши оваа сезона во Премиер лигата, бидејќи според него, долгогодишниот член заслужува да ја заврши оваа прекрасна етапа онака како што заслужува, или поточно со проштален меч и освоен трофеј.

– Знам колку Адам е силно следен од другите клубови во овој момент, сите го сакаат за наредната сезона, но овој краткорочен договор е потврда за лојалноста, покажавме колку го цениме.

– Едноставно вака мора да биде, премногу сум среќен што ќе биде со нас до крајот, мора да ја довршиме работата и да добие испраќање какво што заслужува.

– Не можам да пронајдам зборови на англиски јазик за точно да опишам колку Адам Лалана беше важен за мене во овој период откако сум менаџер на тимот, – порача Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни