Поврзете се со нас

Англија

Клоп со предупредување до Холанѓаните: Ја ризикувате кариерата на Ван Дајк

Објавено

на

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп даде коментар за најавите дека Вирџил Ван Дајк би можел да се врати на терените на Европското првенство ова лето.

Ван Дајк речиси цела сезона е надвор од терените поради сериозна повреда која ја здоби на натпреварот со Евертон уште во октомври и се уште не е доволно заздравен за враќање во натпреварувачки ритам.

Европското првенство започнува на 11 јуни, а Клоп смета дека тоа би било прерано за враќање на 29 годишниот стопер кој би можел да си ја уништи кариерата ако заигра на континенталниот собир.

– Не сакам да го запирам Вирџил, но исто така не можете ни да го форсирате. Сите сме долго во оваа работа и знаеме дека ако сакаш да играш треба претходно да тренираш. Тоа си бара недели подготовка, не само една недела. Не може да бидете десет или 11 месеци надвор, да тренирате една недела и потоа да заиграте фудбал. Тоа не е возможно.

– Никој не го запира Вирџил, можам да им ветам на луѓето во Холандија дека нема да го форсираме. Зборуваме за играчот и неговата кариера, никој не треба да го форсира. Ниту Холандија, ниту ние ниту Вирџил не треба да бара да игра. Никој не знае што ќе се случува, но јасно е дека Европското првенство е многу рано и нема да има доволно тренинзи за него, -изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни