Англија
Клоп со порака до своите играчи: Ако некој не сака да тренира…
Ситуацијата со коронавирусот ги стави фудбалерите во незгодна позиција, па иако знаат дека имаат договори со клубовите кои треба да ги испочитуваат, дел од нив не кријат дека се исплашени од ризикот кој го носат евентуалните натпревари.
Денеска премиерлигашите започнаа со специфични тренинзи во групи, а Јирген Клоп вели дека е среќен што може да размислува за фудбал, но истовремено им испрати порака на оние играчи кои евентуално се исплашени од коронавирусот.
– Тоа е нивен избор, уште пред тренингот им реков дека се тука по сопствена волја. Вообичаено, потпишуваат договор и треба да се присутни таму каде што ќе им биде посочено, но во овој случај, тој што не се чувствува безбедно, не мора да дојде.
– Нема никакви рестрикции, казни и слично, одлуката е само нивна и тоа ќе го почитуваме, – вели Клоп.
Поради преземените мерки за заштита на сите во тренинг центарот, членовите на првиот тим на Ливерпул не смеат да се тушираат и пресоблекуваат во соблекувалните, туку тоа го прават во своите домови.
– Се чувствувам како полицаец кој секаде ја носи својата униформа, – се пошегувал Германецот.
-
Репрезентација16 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Шпанија24 часа
Ниту Педри, ниту Јамал и Рафиња: Саки го посочи играчот кој најмногу му се допаѓа во Барселона
-
Светски првенства16 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија19 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
Македонија22 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
АТП19 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Репрезентација16 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Италија17 часа
Дибала имал успешна операција, оваа сезона е завршена за него!