Поврзете се со нас

Англија

Клоп со искрениот став го натерал Вернер да потпише за Челси

Објавено

на

Угледниот британски медиум „Би-Би-Си“ вчера излезе со информација дека Челси се претворил во главен кандидат за обезбедување на потписот на Тимо Вернер, вест која денеска ја надополни со една голема новина, нагласувајќи дека клубот од Лондон постигна целосен договор со фудбалерот.

Фантастичниот напаѓач на Ред Бул Лајпциг ги сврте вниманието на себе со своите блескави изданија во Бундеслигата, па откако категорично одби трансфер во Баерн Минхен, повеќе од јасно беше дека негова следна дестинација ќе биде Премиер лигата.

Сите мислеа дека прв избор ќе биде Ливерпул поради Јирген Клоп, но токму германскиот стручњак му се јавил на Вернер и му нагласил дека неговото напаѓачко трио составено од Фирмино, Салах и Мане е недопирливо, што во дадената ситуација, го ставил Челси во пол позиција.

„Би-Би-Си“ ова поплaдне тврди дека Челси се договорил да ја исплати неговата клаузула вредна 54 милиони фунти и фудбалерот се согласил да пристигне на „Стемфорд Бриџ“, а во најбрзо време се очекува и официјална потврда од двата клуба.

За Френк Лампард ова ќе претставува второ огромно засилување за наредната сезона, бидејќи веднаш по завршувањето на зимскиот преоден рок, Челси го ангажираше Хаким Зијеш од Ајакс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни