Поврзете се со нас

Англија

Клоп со интересна дефиниција: Во фудбалот морате како во бракот (Видео)

Објавено

на

Јирген Клоп призна дека не може да биде комплетно среќен по победата која ја оствари неговиот тим над Митјиланд, бидејќи на натпреварот против данскиот тим загуби уште еден играч поради повреда.

По тешката повреда и операцијата низ која мораше да мине Вирџил Ван Дајк, Клоп вчера мораше да го менува и Бразилецот Фабињо, за кого дополнително ќе се знае колку долго ќе отсуствува од терените. Од стартот на сезоната, германскиот стручњак се соочи со голем број повреди во неговиот тим, но вели дека ова е уште еден голем предизвик за него и неговиот тим, кој сега го натера да извлече и поучна дефиниција.

Во моменти кога мора да бара различни решенија за да го состави својот тим, Клоп го спореди фудбалот со брачната заедница.

– Сега сме како во брак: Во добри и во помалку добри времиња. Мора да се држиме заедно како тим.

– Имаме многу натпревари, се повредуваат играчи еден по друг, но сепак мора да го играме следниот меч. Во нашиот случај, мора и да победиме. Ќе се обидеме со сето она што го имаме на располагање, – изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни