Поврзете се со нас

Англија

Клоп со емотивно писмо му се обрати на Вајналдум по реализираниот трансфер во ПСЖ

Објавено

на

Јирген Клоп нависитна посебно ги бираше зборовите по последниот и проштален меч на Џини Вајналдум на „Енфилд Роуд“, а сега откако стана јасно дека и дефинтивно прави трансфер во ПСЖ, германскиот стручњак реши да му се обрати и со емотивно писмо.

Германскиот стручњак во обраќањето по мечот со Кристал Палас нагласи дека Холанѓанецот бил архитект на неговиот Ливерпул, но сега не ја пропушти новата шанса да го испофали новото засилување на ПСЖ за сето она што ќе му недостасува нему и на неговите фудбалери.

– Како тим, му рековме збогум на Џини на „Енфилд“ по последниот меч во сезоната. Му направивме и шпалир, но го испративме и со приватни пораки. Беше тешко за нас да го направиме тоа, бидејќи од групата си оди извонредна личност. Тој беше дел од нашите животи со години и едноставно не постои нешто што нема да ми недостасува од него.

– Ќе ми недостасува играчот кој знае да биде и луд, ќе ми недостасува еден од најпаметните играчи кои имав привилегија да ги тренирам. Неговото залагање е сон за секој менаџер. Но, најголема дупка ќе ни остане поради личноста, поради човекот кој си оди. Тешко се наоѓа толку дарежлив човек, негова цел секогаш е да и помогне на заедницата, на тимот.

– Сега оди на друго место, припаѓа на други, а во име на целиот тим сакам да му посакам успех во Франција со ПСЖ. Не е изненадување што оди во толку неверојатен клуб. Познавајќи го него, сигурен сум дека ќе се заљуби во Париз и во тимот. Довидување Џини. Дојде, виде, освои многу. Ти си легенда на Ливерпул, – му порача Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни