Поврзете се со нас

Англија

Клоп со директен одговор ја затвори приказната за Вернер

Објавено

на

Тимо Вернер и дефинитивни од наредната сезона ќе го гледаме во Англија во тимот на Челси кој успеа да ги победи ривалите и го обезбеди потписот на еден од најдобрите германски напаѓачи.

Долго време како фаворит за неговиот потпис во медиумите важеше Ливерпул, па затоа многумина меѓу кои и дел од навивачите на „црвените“ го доживеаа како пораз, ама така не размислува тренерот Јирген Клоп кој даде директен, јасен одговор со кој дефинитивно сака да стави крај на оваа тема.

-Ова не е смешно. Не зборувама за трансфери кои потенцијално можеме да ги нарпавиме. Сега ќе зборуваме за трансфер кој Челси го направи? Смешно! Зошто тоа да го правам? Немам што да кажам на таа тема. Тимо Вернер е навистина добар фудбалер и слушнав дека Челси го објавиле како засилување за следната сезона. Тоа е тоа, -порача Клоп пред градската пресметка со Евертон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни