Поврзете се со нас

Германија

Клоп се врати на „Сигнал Идуна парк“, па го испочитува легендарниот ритуал со „жолтиот ѕид“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/BlackYellow

Јирген Клоп прерасна во жива легенда на „Енфилд Роуд“ и беше испратен од Ливерпул со сите почести, но искусниот германски стручњак е идентично сакан и во родната земја, особено во Дортмунд.

Клоп вчера се врати на „Сигнал Идуна парк“ и беше дел од прошталниот меч во чест на своите поранешни играчи Лукас Пишчек и Јакуб Блашчиковски, а тоа беше одлична шанса да се сретне со верните навивачи на Борусија и со „жолтиот ѕид“.

Јирген го водеше тимот на Блашчиковски во спектакл во кој се сретне со голем број поранешни играчи кои ги водеше, но доживеа и специјални емоции со „жолтиот ѕид“ кој сигурно му недостасуваше во изминативе години.

– Да бидам искрен, како повторно да ми се исполни сонот. Сакав да го искусам тоа чувство повторно. Пред неколку месеци имав емотивно попладне во Ливерпул, а сега доживеав нешто слично.

– Многумина може да велат дека еднаш велам едно, а другпат друго…. Но, јас едноставно ја објаснувам оваа љубов кон моите клубови: Кога имате три деца, сите ги сакате подеднакво. Така е и со моите три клуба, ги сакам сите подеднакво, – изјави Клоп алудирајќи на Борусија, Ливерпул, но и Мајнц.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни