Поврзете се со нас

Англија

Клоп се уплаши од новиот проект: Сите се кренаа против Суперлигата, Њукасл сега е истото и практично е..

Објавено

на

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп прв јавно ги истакна своите стравови дека Њукасл во иднина ќе прерасне во навистина силен клуб.

Германецот во интервју за „Скај Спорт“ зборуваше за новиот проект кој последниве денови е во центарот на вниманието откако Њукасл беше купен од ултра богат саудиски конзорциум.

Според Клоп, Њукасл ќе биде суперсила и дека тоа е исто како Суперлигата за која се спротивставија многу од фудбалските работници пред неколку месеци.

– Кога требаше да се формира Суперлигата, целиот свет целосно оправдано беше вознемирен.  Сега имаме иста ситуација, Њукасл практично е Суперлигата во еден клуб.

– Со толкави вложувања ќе биде доминантен во европскиот фудбал во наредните 20-р0 години. Постои веројатност да ја утнат работата со толку пари, но постојат многу квалитетни луѓе во фудбалот, а од Њукасл порано или подоцна ќе ги пронајдат и ќе ги ангажираат.

– Њукасл ќе биде суперсила. Ова е трет клуб во светскиот фудбал за кој знам дека припаќа на една држава и очигледно е во сопствеништво на најбогатото семејство во светот, -изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни