Поврзете се со нас

Англија

Клоп се соочува со неверојатни проблеми, се повреди и играчот кој стигна во јануари

Објавено

на

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп освен со катастрофалните резултати мора да се справува и со зачестените повреди на играчите од првиот тим.

По неколкуте клучни отсуства од одбраната, Клоп го засили својот тим со Озан Кабак од Шалке 04 кој веднаш стана стандарден во првиот тим на „црвените“.

Сепак, германскиот стратег потврди дека и младиот стопер заработил повреда и дека ќе го прескокне натпреварот со Фулам кој се игра овој викенд.

– Имавме проблем по кој Нет Филипс не можеше да игра заедно со Озан, па се одлучивме за неочекуван пар во одбраната со Фабињо. Сега Озан, по натпреварот вчера почувствува проблем и ќе видиме дали ќе е подготвен за Фулам, мислам дека нема да е подготвен, – изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни