Поврзете се со нас

Англија

Клоп се плаши: Неговиот потенцијал е застрашувачки, не знаете…

Објавено

на

Ливерпул добро напредува во сите натпреварувања во оваа сезона, поточно има позитивни резултати во Премиер лигата, Лига Европа и англискиот Лига Куп што дефинитивно е знак дека „црвените“ одново имаа тим кој може да се натпреварува и освојува титули.

Голема заслуга за ова има тренерот Јирген Клоп кој направи рез во тимот, поточно истиот е освежен со неколку имиња од кои за Германецот еден играч носи страв кај него поради потенцијалот. Се работи за Дарвин Нуњез кој минатата година дојде на „Олд трафорд“, имаше проблеми во првата сезона, но и одредени блесоци кои ја најавија оваа кампања која за Уругваецот е далеку попозитивна.

-Тој е во многу добар момент, но сепак тоа е само почеток за него. Малку се плашам од височините што може да ги достигне бидејќи има толку многу, што е лудо. Сега го најдовме вистинскиот стартен момент и ајде да работиме оттука.

-Брзината, вештините за завршница, желбата што ја има за тоа… кога е фит, тој е навистина фит за да може навистина тоа да го прави повторно и повторно. И тоа е целиот пакет, едноставно не знаете каде ќе заврши.

-Значи, веројатно мислам дека, да, неговиот потенцијал е застрашувачки, апсолутно. Во првата година, дојде за навистина голема сума на пари и сите знаеме, тоа повторно покажува дека на играчите им треба време – или можеби некои луѓе повторно тоа го забораваат ! Сега тој има добар почеток на сезоната и постигна фантастични голови, различни голови, секакви голови, па секако дека е во друг момент, -порача Клоп пред дуелот со Лутон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни