Поврзете се со нас

Англија

Клоп се огласи за иднината на еден од своите најстандардни фудбалери: Би бил среќен ако остане, но…

Објавено

на

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп ќе има тешка задача да го убеди еден од своите најстандардни фудбалери да остане во тимот.

Станува збор за Џорџино Вајналдум чиј договор со „црвените“ истекува по крајот на оваа сезона, а тој веќе од следниот месец ќе може да преговара со други клубови за негов трансфер како слободен агент по крајот на оваа сезона.

Јирген Клоп истакна дека негова желба е холандскиот фудбалер да остане во клубот, но нагласи дека се додека ситуацијата не е целосно решена сите можности се отворени.

– Не можам да кажам многу за оваа тема, само дека би бил среќен ако остане овде. Среќен сум со Џини и како што може да видите кога ги објавувам составите. Тој секогаш играше добро за мене и затоа играше на голем дел од натпреварите.

– Има играно на неколку различни позиции и се надевам дека така и ќе продолжи. Но, се додека ништо не е решено, се е возможно во иднина. Сепак, јас сум позитивен по целата оваа работа, -изјави Клоп.

За Вајналдум сериозен интерес има од таборот на Барселона каде како тренер работи Роналд Куман кој му беше селектор на играчот во репрезентацијата на Холандија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни