Клоп се огласи и ја појасни изјавата на неговиот агент: Морам да бидам сериозен, никој не го разбира…

klop

Германскиот стратег, Јирген Клоп има договор со Ливерпул до 2022 година, но без разлика на тоа што има уште многу време дотогаш во изминатиов период се говори за иднината на стратегот.

Премиерлигашот сака да ја продолжи соработката, додека пак Клоп порача дека во моментов не брза да стави потпис на нов договор. Во целата оваа ситуација се огласи и агентот на тренерот,  Марк Косицке кој порача дека времето може да одигра клучна одлука околу дали тој ќе остане на „Енфилд Роуд“ за да сега се јави предводникот на „црвените“ за да ја појасни таа изјава.

-Тој сакаше да се пошегува. Морам да бидам сериозен. Германски хумор, никој не го разбра. Времето никогаш не било причина за мене да бирам град. Не е причина за мене да ја напуштам земјата. Можеби во моментот е најздраво време на светот – имаме доволно дожд, ладно е, многу спротивно на оваа просторија. Нема ништо во таа приказна. Тој е мојот агент и мојот пријател,- рече Клоп.

Facebook Коментари