Поврзете се со нас

Англија

Клоп призна дека еден фудбалер веројатно нема да заигра до крајот на сезоната

Објавено

на

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп откри дека еден од фудбалерите на клубот кој иако е здрав веројанто нема да заигра до крајот на сезоната.

Станува збор за Адам Лалана кој ќе си замине од клубот по крајот на сезоната откако не најде заеднички јазик со управата за продолжување на соработката со клубот.

– Јасно е дека Адам ќе си оди од клубот ова лето. Сега имаме тешка ситуација, но јас и натаму ќе го почитувам Адам многу. Дозволете ми да кажам дека се со Адам е веќе расчистено.

– Тој е фит, тренира и се е во ред. Но да, иднината е негова и доколку ни биде потребен на теренот би можел да игра затоа што е тука.

– Тој тренира напорно, дава максимум на тренинзите, но се додека не ни е потребен само ќе си тренира со клубот, -изјави Клоп.

Адам Лалана се поврзува со неколку премиерлигаши, а во моментов најблиску до неговиот потпис е тимот на Лестер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни