Поврзете се со нас

Свет

Клоп прифати да биде дел од амбициозен фудбалски проект, стартува со работа на 1. јануари!

Објавено

на

Foto:x.com/LFC

Јирген Клоп стави крај на својата незаборавна етапа во Ливерпул која траеше девет години, а кога го направи тоа, најави дека ќе направи одредена пауза од фудбалот и дека нема да води други клубови во блиска иднина.

Истото го кажа и за водење на германскиот национален тим со кој се поврзува со години наназад, но како што стојат работите, Јирген сепак пронашол работа која ќе може да го мотивира и да го исполни во периодот кој следи.

Според информациите на угледни германски медиуми како „Скај Германија“ и „Билд“, Клоп веќе стави потпис на повеќегодишен договор кој ќе биде активиран од 1-ви јануари 2025-та година, и тоа со познатиот спортски бренд Ред Бул.

Познатата групација има мнозински акции во неколку клубови и ги води спортските проекти во Лајпциг, Салцбург, Њујорк и Лидс, а Клоп во иднина ќе биде глобален директор за фудбал на Ред Бул.

Како што откриваат медиумите, Клоп бил убеден од Оливер Минтцлаф кој е извршен директор за корпоративни проекти во Ред Бул, но одлуката била уште полесна за Јирген поради тоа што му било дозвоелно да биде вментната клаузула во договорот, според која истиот би бил спогодбено раскинат ако добие понуда којашто не се одбива, како што е онаа од германската репрезентација.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни