Клоп предвреме знае со кој тим ќе игра Ливерпул во осминафиналето: Секогаш ги добивам нив…

klopp-bela

Јирген Клоп не можеше да го крие воодушевувањето од начинот на кој неговиот Ливерпул го збриша Спартак на „Енфилд Роуд“ со 7:0, уште повеќе ако се знае дека тоа беше победа со која „црвените“ го обезбедија првото место во својата група во Лигата на шампионите.

Англискиот премиерлигаш прикажа  брилијантна и страшна игра во уште една магична ноќ на „Енфилд“, но иако еуфоријата е голема, новинарите се обидоа да го предупредат Клоп дека за време на понеделничката ждрепка може да добие исклучително силен тим од второпласираните.

Ливерпул како можни противници во осминафиналната фаза ги има Базел, Баерн Минхен, Јувентус, Реал Мадрид, Шахтјор и Порто, но германскиот стручњак во свој стил даде предвреме прогноза и им порача на новинарите дека за противник ќе го добие европскиот шампион.

– Воопшто нема да се двоумам, јасе секогаш го добивам Реал Мадрид. Секогаш ги добивам нив како мои противници. Искрено не претпочитам ниту еден противник, не може да се прави избор. Ние едноставно сме среќни што сме во нокаут фазата и за тоа што ќе можеме да уживаме во ова натпреварување и на стартот на наредната година. После долго време, Ливерпул е повторно тука. Тоа е најубавата вест, – порачал Клоп.

Facebook Коментари