Поврзете се со нас

Англија

Клоп пред средбата со Јунајтед и Роналдо: Неговата лева нога не е лоша, но…

Објавено

на

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп даде коментар за претстојниот дерби натпревар, кој со сигурност ќе привлече најголемо внимание во десеттото коло од Премиер лигата, против Манчестер Јунајтед.

Ливерпул во натпреварот влегува од подобра положба на табелата, а клубот дополнително може да ја продлабочи кризата на Јунајтед во Премиер лигата.

Германецот направи паралела помеѓу неговиот најдобар играч, Мохамед Салах и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо.

Според Клоп, Салах веројатно е подобар во овој момент иако и Роналдо поседува силни квалитети.

– Левата нога на Кристијано Роналдо не е лоша, но би рекол дека таа на Мохамед Салах веројатно е подобра, -заклучи Клоп.

Што се однесува до нивниот скор на почетокот на сезоната, Роналдо на девет натпревари во сите конкуренции има постигнато шест погодоци, додека Салах има далеку подобар скор со 12 погодоци и четири запишани асистенции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни