Поврзете се со нас

Англија

Клоп пред големото дерби на „Енфилд“: Доста им дававме подароци на Арсенал

Објавено

на

blank

Арсенал славеше над Ливерпул во Комјунити Шилд натпреварот и ја стартуваше сезоната со освоен трофеј, но ако се земе во предвид дека „топчиите“ славеа и на последниот меч во домашното првенство, Микел Артета има одличен скор против тимот на Јирген Клоп.

Овој понеделник, англискиот првак на домашен терен ќе го пречека Арсенал во големото дерби на третото коло, па со оглед на двата порази во низа, Јирген Клоп смета дека е ред неговиот тим да покаже кој е владетел на „Енфилд Роуд“.

– Игравме со нив двапати во брзо време, натпреварот во Комјунити Шилд беше отворен и на крајот немавме среќа. Што се однесува до натпреварот во Премиер лигата на крајот од минатата сезона, ние им дадовме два подароци. Им сервиравме два гола на чинија и мислам дека е доста од подароци за Арсенал.

– Тоа беше еден од ретките натпревари на кои ја загубивме концентрацијата. Тоа беше крај на сезоната, а Арсенал дочека таков меч од наша страна. Можевме лесно да победиме таа вечер, но на крајот загубивме и го прифативме тоа.

– И сега можам да кажам многу позитивни работи за Арсенал, но мислам дека во понеделник вечер ќе се прашуваме ние на теренот. Сигурно имаме добра шанса да победиме, – изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни