Клоп пред дуелот со Порто: Има нешто поважно од тактиката и изборот на играчи

klopp-lalana

Тренерот на Ливерпул Јирген Клоп вели дека има нешто многу поважно од тактиката кога станува збор за победување.

„Црвените“ се во Португалија пред нивниот утрешен дуел против Порто во осминафиналето на Лигата на шампиони. Но, Клоп вели дека ниту изборот на играчи, ниту тактиката нема да бидат пресудни кога ќе се сретнат двата тима.

– Системот нема да ви донесе победа. Сè зависи од играчите и нивните одлуки на теренот, дали ќе ја направат вистинската работа во вистинскиот момент. Најважно е да се остави срцето на терен и да дадете сè од себе. Системите се многу важни, но само можат да ги распоредат играчите на нивните најдобри позиции – изјави Клоп.

Facebook Коментари