Поврзете се со нас

Англија

Клоп потврди повреда на значаен играч пред дуелот со Арсенал

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул во наредниов период нема да може да смета на играчи како Мохамед Салах и Ватару Ендо кои имаат обврски со своите репрезентации, но кога се во прашање негативните вести за „црвените“ во овој период тука е информација која ја потврди тренерот Јирген Клоп за повредата на уште еден важен играч-Доминик Собослаи.

Унгарецот се повреди на соочувањето со Њукасл во Премиер лигата и според Клоп тој ќе биде недостапен за дуелите со Ливерпул (ФА Купот) и Фулам (Лига Купот).

-Можам да потврдам дека не е потенцијална повреда – тоа е повреда. Мускул, сега ќе видиме. Дом е многу позитивен, нема голема болка, но мора малку да почекаме. Значи, нема шанси очигледно за недела, ниту за среда. Не. Потоа ќе видиме, се надевам ќе може да се врати, но не знаеме, -рече Клоп.

Германскиот стратег не може да смета ниту на бековите Цимикас и Робертсон, потоа Матип, Алкантара и Бајчетиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни