Клоп посочи која ѕвезда на Ливерпул излегла од сенката на Кутињо по заминувањето на Бразилецот

klopp-kou1

Јирген Клоп во најавата за мечот меѓу Порто и Ливерпул во Лигата на шампионите јасно го означи главниот фаворит за освојување на титулата во најелитното европско натпреварување, а говорејќи за тоа како тимот реагираше по заминувањето на Филипе Кутињо од „Енфилд Роуд“, Германецот исто така ја посочи ѕвездата од неговиот состав која најмногу профитирала од заминувањето на Бразилецот.

Кога пред десетина дена требаше да направи избор за тоа кој е најдобар од неговото напаѓачко трио, Клоп без многу размислување го избра Роберто Фирмино, играч за кој всушност смета дека сега посебно доаѓа до израз заминувањето на Кутињо.

– Не знам дали да кажам дека истапи по заминувањето на Кутињо, но јасно е дека тој сега излезе од сенката на Кутињо. Очигледно е тоа дека сега сите повеќе внимание обрнуваат на него, а тој веќе извесно време е многу важен играч за нас. Повеќе не може да се говори за него како за потценет играч, оној што познава фудбал, не смее да каже дека Фирмино е лош играч. Оној што има фудбалски мозок, знае какви квалитети поседува Роберто, – порачува Клоп.

 

Facebook Коментари