Поврзете се со нас

Англија

Клоп посочи кој играч би го имал во тимот: Тоа е лесно…

Објавено

на

Јирген Клоп внесе нова душа во тимот на Ливерпул и за неколку години од „црвените“ направи непобедлива екипа која е страв и трепет за најсилните екипи.

Додека трае паузата, стратегот на Ливерпул во интервју за „БиТи спорт“  говореше на најразлични теми, а едно од прашањата беше и кој играч би го донел во својот тим.

На тоа, Клоп веднаш даде одговор и посочи дека би сакал во својот тим да го донесе Стивен Џерард.

– Тоа е барем лесно. Да можам, со задоволство во својот тим би го донел Стивен Џерард, но и тој ќе мора да се избори за место, -низ смеа изјави Клоп.

Џерард во моментов е тренер на Ренџерс, но откако трае кризата предизвикана од коронавирусот се врати во Ливерпул, а Клоп посочи дека се сретнале во неколку наврати.

– Интересно е што четири и пол години сме во ист град и никогаш не се имавме сретнато. Но, откако се воведени посебни мерки го имам видено пет-шест пати. Кога ќе излезам со кучето или одам да трчам, често го гледам со семејството. Сега се сретнавме поввеќе пати отколку претходните години, -изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни