Клоп: Поразот од Реал нè направи посилни

klop-pres3

Јирген Клоп го подготвува Ливерпул за второто финале по ред во Лигата на шампионите, а тој самиот ќе се обиде да го освои првиот трофеј во најелитното натпреварување.

Германецот е убеден дека има досега најсилен тим од учествата во финалните средби, а позитивен ефект врз Ливерпул ќе има и ланскиот пораз од Реал Мадрид.

– Поразот од Киев имаше големо влијание над нас, се сеќавам на моментите кога стоевме на аеродромот и го чекавме летот за дома со наведнати глави.

– Планот беше повторно да се вратиме во финалето и еве не, тоа е навистина неверојатно. Тоа беше почеток на развој на овој тим, ова што го имаме денес не може да се споредува со тоа од минатата сезона, – истакнал Клоп.

Facebook Коментари