Поврзете се со нас

Англија

Клоп откри што му порачал на Де Ѕерби по последниот судиски свиреж на „Енфилд“

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул профитираше од ремито меѓу Манчестер Сити и Арсенал и е првопласиран тим на табелата во Премиер лигата, бидејќи пред да дојде на ред мечот на „Итихад“, тимот на Јирген Клоп со пресврт славеше над Брајтон.

Момците на германскиот стручњак мораа да се намачат против „галебите“ и на крајот дојдоа до посакуваната цел, а иако Роберто Де Ѕерби веќе некое време не може да смета на неколку клучни фудбалери, неговиот тим и натаму се прикажува како тврд орев.

Ливерпул мораше да се враќа од негатива за да победи со 2:1, но по последниот судиски свиреж, интересна беше сцената која ја режираа Јирген Клоп и Де Ѕерби.

Двајцата менаџери си разменија неколку зборови, а Германецот откри каква порака имал за Италијанецот кој внесе голема свежина во Премиер лигата.

– Му порачав на Де Ѕерби да остане ист и да продолжи да го поместува фудбалот „нагоре-надоле“. Ќе го гледам од далеку, премногу го почитувам она што го работи. Неверојатно е тоа што го прави, Брајтон остана без Мак Алистар и Каиседо, загубија многу играчи поради повреди оваа сезона, но тимот се уште изгледа одлично. Врши неверојатна работа како менаџер, – порачува Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни