Клоп откри колку време Мане ќе паузира

sadio-mane

Еден од најдобрите играчи на премиерлигашот Ливерпул, Садио Мане се повреди и мораше предвреме да го заврши дуелот со Вулверхемптон во Премиер лигата по што воопшто не беше во комбинација за средбата со Шресбери во 4. рунда на ФА Купот.

Поради ова остана дилема колку време Сенагелцот ќе биде во „аут“, дилема која ја реши тренерот Јирген Клоп кој откри дена напаѓачот ќе пропушти уште два меча и тоа против Вест Хем и Саутемптон кои се играат оваа недела.

-Садио нема да биде вклучен за Вест Хем и веројатно за Саутемптон. Потоа ќе биде на вистински пат. Има мало искинување на мускулот што не е сериозна. Имавме среќа со тоа, иако не беше премногу сериозно. Тој е во „аут“ за три натпревари, -истакна германскиот стратег.

Facebook Коментари