Клоп откри кој му бил најтешкиот момент откако е во Ливерпул

klop

Јирген Клоп се подготвува за многу важната пресметка на неговиот Ливерпул и Манчестер Сити, а во своето последно соочување со медиумите, проговорил и за најтешкиот момент кој го доживеал како менаџер на „црвените“.

Германецот го посочил моментот кога навивачот на Ливерпул, 54-годишниот Шон Кокс беше тешко повреден од фановите на Рома пред дуелот од Лигата на шампионите на „Енфилд“.

– Она што му се случи на Шон е најлошиот момент во мојата менаџерска ера во Ливерпул. Такво нешто не треба да се случува генерално во животот и посебно не околу фудбалот, знаеме дека неговата битка се уште не е завршена.

Кокс треба да биде специјален гостин на Ливерпул за дербито со Сити, а неговата сопруга потврдила дека состојбата му е подобрена, но се уште има потешкотии со зборувањето.

– Ако може да дојде да гледа еден голем натпревар, за мене тоа ќе биде многу позитивна работа, од тој тежок момент до еден од најважните денови при мојот престој овде. Би сакал и да го видам на неколку минути пред натпреварот, – открива Клоп.

Facebook Коментари