Поврзете се со нас

Англија

Клоп откри кога Ливерпул ќе прави шампионска парада: Луѓето ќе мислат дека сме луди, но не ми е гајле!

Објавено

на

Со најавениот рестарт на Премиер лигата, повеќе од јасно е дека Ливерпул и дефинитивно ќе стигне до толку посакуваната титула на која чека цели 30 години, а за тоа полека се подготвува и предводникот на фантастичниот тим од „Енфилд Роуд“, Јирген Клоп.

Германскиот стручњак е на само две победи од потврда на трофејот во англиската елита и тоа ќе биде огромен успех за него по освоената титула во Лигата на шампионите минатата година, но за разлика од тогаш, тој и неговите играчи ова лето нема да можат да слават како што доликува.

Клоп е свесен дека нема да може да се изрежира шампионска парада во ситуација кога се уште е ранлива ситуацијата со коронавирусот, но затоа најави кога тој и неговите играчи ќе можат да го направат тоа.

– Тоа што нема да можеме да славиме како што сонувавме, секако не е убаво. Сфаќам дека фановите ќе бидат разочарани, и јас се чувствувам исто. Не сакам да славам сам на стадионот и потоа да си отидам дома, но не може да се направи ништо друго во оваа ситуација, – вели Клоп за германски „Скај“ и додава.

– Сепак, ќе дојде ден кога се ќе биде нормално. Кога ќе биде пронајена вакцина, или пак солуција за проблемот, односно кога ризикот за инфекција ќе биде под нула, ние ќе бидеме тука. Ќе го дочекаме тој ден, тогаш ќе можеме да славиме како што доликува. Не ми е важно дали тој ден ќе биде во 12-то или 13-то коло од наредната сезона, ќе славиме со фановите тогаш ако треба. Се уште трофејот ќе биде наш и ќе можеме да го прошетаме низ градот. Ако другите мислат дека сме луди, воопшто не ми е гајле за тоа, – заврши Јирген.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни