Поврзете се со нас

Англија

Клоп откри какво шоу ќе приреди доколку Премиер лигата му ги одземе титулите на Сити (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/LFC

Јирген Клоп стана глобален директор за фудбал на групацијата Ред Бул и веќе ги имаше првите обврски во новата улога на стартот на 2025-та година, но во едно од првите обраќање, легендарниот германски стручњак испорача и една изјава која брзо стана вирална во Англија.

Клоп освои само една титула во Премиер лигата и во неколку наврати само за влакно ја губеше битката во дуелите со Манчестер Сити, но бидејќи постојат мали шанси истите да му бидат одземени на ривалот од „Итихад“ поради обвиненијата за кои му се суди, Клоп почна да одговара на претпоставки од страна на новинарите.

Легендарниот Јирген со насмевка на лицето се погрижи за изјава со која им овозможи на новинарите да ги наполнат медиумите со интересни наслови, бидејќи самиот најави дека ќе организира журка во неговата куќа на Мајорка доколку судот донесе одлука против Сити, а од која ќе профитира и Ливерпул.

– Имавме дискусии на оваа тема кога си заминував. Да бидам искрен, не сум минал многу време во мојата куќа во Мајорка бидејќи постојано патувам низ светот.

– Но ако се случи тоа, ќе им порачам на сите да дојдам и да резервираат лет за Мајорка. Пивото ќе биде на моја сметка, ќе имаме своја парада во градината, – порачува Клоп.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни