Поврзете се со нас

Англија

Клоп откри дека еден важен играч е неизвесен за дербито со Арсенал

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Арсенал и Ливерпул ќе ги одмерат силите во големото дерби кое се игра утре на „Емирејтс“, натпревар на кој покрај Мо Салах, Јирген Клоп може да остане и без Дарвин Нуњез.

Самиот Клоп пред три дена говореше за повредата на Салах и нагласи дека Египќанецот нема да игра против Арсенал, но денеска неочекувано откр идека неизвесен за настап е и Уругваецот.

Нуњез постави анти-рекорд против Челси и стана првиот играч во историјата кој четири пати ја погодил рамката од голот на еден натпревар во Премиер лигата, но и покрај тоа, Клоп смета дека тој е клучен за офанзивниот изглед на неговата екипа.

Залагањето и жарот кој го внесува Дарвин во секој дуел е она што посебно го цени Клоп, кој ова попладне обелодени дека тој има проблем со стапалото и е крајно неизвесен за настап.

– Дарвин е неизвесен за утре и ќе видиме дали ќе може да игра, или не. Ниту јас не знам како ќе се одвива ситуациајта. На мечот со Челси, беше нагазнат после 20 минути игра и после натпреварот ни откри дека има проблем.

– Тој го напушти стадионот со протекција на стапалото, а за среќа снимките покажаа дека нема скршеница. И покрај тоа, потребно е време и денеска не беше дел од тренингот. Ќе мора да почекаме до утре, ќе биде неизвесен до последен момент, – откри Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни