Поврзете се со нас

Англија

Клоп откако го доби третото летно засилување: Нашата средина е идеална за вакви играчи (Фото)

Објавено

на

Ливерпул точно напладне го потврди третото засилување за новата натпреварувачка сезона, а тоа е талентираниот Калвин Рамзи кој доаѓа како конкуренција за Арнолд на десната бековска позиција.

Станува збор за тинејџер кој има 18 години и кој веќе се докажа на Островот настапувајќи за првиот тим на Абердин, па ова е трета аквицизија за „црвените“ по оние на Фабио Карвалјо од Фулам и Дарвин Нуњез од Бенфика.

По официјалната потврда и рекордната заработка на Абердин од 6,5 милиони фунти, со свои први импресии се јави и Јирген Клоп, кој вели дека сите во клубот ќе работат за правилен развој на фудбалерот со огромен потенцијал.

– Калвин е уште еден возбудлив млад играч, па ние сме многу задоволни што ќе располагаме со него во иднина. Тој има торба полна со потенцијал. Тој во моментов има само 18 години, наскоро ќе наполни 19 години и веќе има пристоен број на настапи во првиот тим за дефанзивец на негова возраст.

– Тој е атлетски добро граден, паметен, самоуверен, со добри технички способности и што е најклучно, секогаш е подготвен да учи. Ќе имаме трпение едни со други. Мислам дека докажавме дека нашата средина е идеална за негување и искористување на квалитетите и талентот на еден млад играч, – вели Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни