Поврзете се со нас

Англија

Клоп огорчен: Игравме само со четири играчи на теренот…..

Објавено

на

Јирген Клоп во неколку наврати оваа сезона ги оцени како неприфатливи изданијата на неговите фудбалери, а ова попладне доби прилика повторно да види такво нешто и не криеше дека е огорчен по тешкиот пораз од Манчестер Сити.

„Граѓаните“ славеа со убедливи 4:1 на домашен терен и покажаа дека во моментов има огромна разлика меѓу двата тима, па Клоп го призна тоа и нагласи дека единствено добро е што Сити денеска немал убиствен нагон, бидејќи резултатот можел да биде уште потежок со оглед на ужасното издание на неговиот тим.

– Да бидам најискрен, имавме среќа што Сити не беше убиствено расположен, да беше така, можеа да прават што сакаат со нас, можеше да биде уште поубедливо. Не можам да го објаснам ова.

– Немавме старт на ниту еден од четирите гола кои ги дадоа, ова е неприфатливо. После мечот, не им кажав ништо на момците, добро знаат што мислам. Ќе разговараме утре со ладни глави.

– Од цел тим, на теренот изгледаше како да играме само со четворица фудбалери. Само четири играчи беа во ред, останатите како да не беа тука, како да беа на некое друго место. За да победи тука, потребно е да имате 14 или 15 расположени играчи, а ние имавме само четворица, – изјави Клоп кој не сакаше да ги именува своите фудбалери.

За крај, Германецот не сакаше да бара изговори и за тоа што на Родри му беше простен втор жолт, односно црвен картон уште во првиот дел.

– Повторно ќе бидам искрен, тоа немаше да смени ништо. Мислам дека немаше да ги победиме и да беа со 10 играчи на теренот, – заврши Германецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни