Поврзете се со нас

Англија

Клоп оцени какви се шансите за титула во последното коло по победата над „светците“

Објавено

на

Ливерпул се извади од уште една непријатна ситуација во Премиер лигата, односно направи пресврт на натпервар кој го започна лошо и со негатива од еден гол.

Саутемптон одново се покажа како цврст орев против тим кој се бори за врвот во Англија, но сепак попушти под константниот притисок на гостите и на крајот прими два гола по почетното водство.

Ливерпул направи пресврт со головите на Минамино и оној на Матип во вториот дел, па сега во последното коло влезе со свои шанси за титулата во домашното првенество.

Сити има бод позитива и подобра гол разлика (плус шест), па јасно е дека Клоп и играчите треба да се надеваат на нивни кикс против Астон Вила на домашен терен. Според математиките на Ливерпул, доволно е тимот на Стивен Џерард да одигра реми, а тие да победат против Вулверхемптон. Сепак, според проценките на Клоп, ова сценарио е многу малку веројатно.

– Повторно го мислам истото. Нашите шанси за титулата се малку веројатни. Малку веројатно е да ја освоиме титулата бидејќи Сити игра на домашен терен против Астон Вила, и тоа против Астон Вила која ќе има натпревар во четврток. Астон Вила ќе игра тежок меч против Барнли кој се бори за опстанок, а потоа ќе му гостува на Сити. Сепак, ова е фудбал и оставаме простор за се. За да станеме шампиони, треба да победиме на нашиот натпревар и да чекаме Астон Вила да му откине бодови на Сити. Малку е веројатно, но постои шанса, тоа е доволно за да одиграме најдобро што можеме во недела, – изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни