Клоп образложи зошто големото засилување се уште не добива шанса: Ќе мора да го следи примерот на двајца играчи

klop-pogled

Бразилецот Фабињо беше најавен како огромно засилување на „Енфилд Роуд“ и Ливерпул плати 40 милиони фунти за неговиот ангажман од Монако, потег кој според многумина значеше дека Јирген Клоп ќе добие нов стартер во средниот ред покрај Хендерсон и Кеита.

Сепак, стартот на новата натпреварувачка сезона ни донесе една сосема спротивна ситуација, бидејќи германскиот стручњак се уште му нема дадено шанса на новото засилување, оставајќи го во втор план крај Кеита, Хендерсон, Молнер и Вајналдум.

Англиските новинари на денешниот прес се обидоа да дознаат дали Фабињо ќе добие прва шанса на дерби мечот со Тотенхем кој се игра утре, но Клоп даде дипломатски одговор, потенцирајќи дека Бразилецот треба да го мине процесот кој го минаа левиот бек Робертсон и Окслејд Чембрлен.

– Лани имавме слична ситуација со Робертсон и Окслејд. Фабињо е полн со енергија и желба за игра. Навистина не ми е сеедно да му кажам дека не е дел од тимот и дека не е инволвиран во натпреварите, но тој дојде од друга лига и од комлетно друг систем на игра, затоа му е потребно повеќе време за навикнување и адаптација. Планот беше дека тој ќе не направи подобри, а тоа и натаму останува така, – потенцира Клоп кој сепак не откри дали ќе му даде шанса против Тотенхем на „Вембли“.

Facebook Коментари