Поврзете се со нас

Англија

Клоп објави лоши вести за состојбата на Жота

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул е актуелен лидер во англиската Премиер лига, а менаџерот Јирген Клоп денеска потврдил дека обидот да се освои титулата ќе биде направен без еден важен играч.

Диого Жота играше во одлична форма, но заработи посериозна повреда на дуелот со Брентфорд, па менаџерот денеска потврдил дека се работи за поголем проблем.

– Во случајот со Жота, се работи за месеци во однос на периодот на рехабилитација. Ситуацијата не е добра, би сакал да кажам дека немаме проблеми, но не е така.

– Алисон има мускулна повреда и не знаеме колку долго ќе паузира, Трент (Александер-Арнолд) и Дом (Собослаи) се блиску до камбек, но не знам кога точно ќе се случи тоа, – рекол Клоп.

Португалските медиуми тврдат дека Жота ќе паузира два месеца и ќе се врати навреме за Европското првенство, додека Ливерпул во моментов нема да смета ниту на голманот Алисон, Александер-Арнолд, Собослаи и Џоунс.

Ливерпул утре го пречекува Лутон и ќе биде голем фаворит без разлика на проблемите со повреди.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни