Клоп објасни зошто влезе во „војна“ со целата клупа на Севилја

klopp-berizzo

Јирген Клоп никако не можеше да биде задоволен од конечниот епилог на мечот меѓу Ливерпул и Севилја кој се одигра во рамките од првото коло во групната фаза во Лигата на шампионите (2:2), а покрај разочарувањето за премалата награда која ја доби неговиот тим за прикажаното на теренот, имаше дополнителни нервози крај аут линијата во голем дел од мечот.

Клоп влезе во „војна“ со целата клупа на Севилја некаде на средината на второто полувреме, а по крајот на мечот, Германецот се обида да објасни зошто бил толку лут на крајот од мечот кога имаше што да им каже на помошниците на Беризо.

Тренерот на Севилја доби исклучување поради тоа што спречи играч на Ливерпрул брзо да изведе еден аут, а Клоп по средбата обелодени дека сите во противничиот табор сфатиле дека Берицо добил исклучување поради неговите протести.

– Тренерот на Севилја не беше проблем за мене. Не верувам дека јас имав било какво влијание на одлуката на судијата. Јас не барав исклучување, само се побунив за тоа што го направи. Луѓето на нивната клупа постојано ме обвинуваа дека јас сум виновен за неговото исклучување и тоа воопшто не ми се допадна. Затоа изреагирав така, – објаснува Клоп.

Facebook Коментари