Клоп објасни зошто повеќе не ги слави головите

jurgen-klopp

Јирген Клоп е еден нд тренерите кој дефинитивно знае да се израдува на погодоците на својата екипа, но во последно време тоа не е така и по средбата со Вотфорд објасни зошто повеќе ги нема специфичните славја крај аут линијата.

Причината за тоа е воведувањето на ВАР системот кој според него го спречува да се однесува онака темпераментно и во свој стил, односно секогаш е потребна дополнителна потврда за тоа дали е гол.

-Се уште го немам видено, -истакна Клоп за погодокот на Садио Мане кој му беше поништен поради офсајд.

-Како што можете да претпоставите, кога победувате со 2-0, не сум премногу загрижен за тоа. Да бидам искрен, не знам дали беше офсајд. Повеќе не ги славам головите затоа што треба да чекате некого да ви каже дали е гол. Мислам дека претходно имаше едно додавање каде можеби постоеше офсајд, ама не можев да видам дали Садио беше во недозволена позиција. Не погледнав, па немам идеја, -рече германсккиот стратег.

Facebook Коментари