Клоп обелодени која е прва негова опција за замена на Кутињо

klopp-kou

Јирген Клоп не можеше да го спречи неизбежното и на крајот мораше да се помири со заминувањето на Филипе Кутињо во редовите на Барселона, а пред големото дерби кое го очекува неговиот тим со екипата на Манчестер Сити, германскиот стручњак даде свој нов осврт за слученото на трансфер пазарот.

Клоп уште еднаш потенцираше дека тој и одговорните луѓе на Ливерпул направиле се за да го задржат Кутињо на „Енфилд Роуд“, но на преот исто така јасно ставил до знаење дека тој и челниците нема безглаво да тргнат на трансфер пазарот барајќи негова замена, бидејќи според него, најважно е неговата замена во тимот да ја направат актуелните играчи.

– Немаше друга опција, освен неговото продавање. Тоа е најлесниот одговор. Јас не сум разочаран од ваквиот расплет, едноставно направивме се за тој да остане во Ливерпул. Сепак, Кутињо имаше свој сон, а тој сон беше заминување само во еден клуб, Барселона. Се боревме за него до последната секунда, но на крајот не можевме, – истакнал Клоп и додал.

– Претпочитам да доведеме играч кој ќе се погоди, а не да биде скап. Најважно од се, а тоа е и моја прва опција, треба внатрешно да го замениме Кутињо, со она што располагаме. Да, нашите очи се отворени на трансфер пазарот, но бидете убедени дека нема да направиме некоја лудост, – потенцирал Клоп кој со ова јасно алудира на тоа дека Ливерпул нема по секоја цена да бара замена за Бразилецот.

Facebook Коментари