Поврзете се со нас

Англија

Клоп обелодени дека одбил еден клуб во неколку наврати пред да стави потпис на нов договор

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Јирген Клоп ќе се обиде да го освои вториот Куп трофеј оваа натпреварувачка сезона, бидејќи по победата во Лига Купот, сега ќе брка успех и во најстарото натпреварување на Островот.

ФА Куп финалната пресметка на „Вембли“ носи дуел меѓу Ливерпул и Челси, натпревар на кој Клоп ќе се обиде да дојде до шестиот трофеј како менаџер на Ливерпул, прв откако стави потпис на нов договор.

Јирген првично најави дека ќе стави крај на својата етапа во Ливерпул во 2024-та година, но сепак се премисли и минатиот месец се обврза на верност до 2026-та година.

Во најавата за финалето, еден од новинарите успеа да го испровоцира Клоп и му порача дека освоил премалку трофеи со оглед на тимот кој го поседува веќе извесно време, по што Германецот откри дека ако сакал само да ги брои титулите, ќе ја прифател понудата од Баерн Минхен, клуб кој го одбил во неколку наврати.

– Ајде кажи ми во кој клуб да одам за да бидам подобар? Единствено да го прашам Пеп дали му здосади од освојување трофеи, или пак да го преземам Манчестер Сити. Тоа ли е твојата идеја? Тоа не оди така….

– Неколку пати можев да го преземам Баерн и да освојам многу повеќе трофеи. Во најмала рака, ќе имав поголеми шанси за трофеи на редовна база. Не го направив тоа бидејќи бев под договор тука. Светот не е преполн со победници, туку со луѓе кои се обидуваат да станат победници. Јас сум меѓу овие вторите. Некогаш ми успева и тоа многу ме прави среќен, – изјави Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни