Поврзете се со нас

Свет

Клоп непријатно изненаден од „Златната топка“: Кога не му ја доделија оваа година, не знам кога ќе му ја дадат…..

Објавено

на

Foto: twitter.com/LFC

„Златната топка“ не се додели минатата година поради кризата која ја предизвика Ковид пандемијата, па по пауза од 24 месеци, вчера бевме сведоци на нова церемонија во Париз и истата донесе сценарио на кое веќе сме навикнати.

Лионел Меси по седми пат во својата кариера го доби најпрестижното индивидуално признание и ја доби тесната битка со Роберт Левандовски, кој според многумина е најголем губитник во изминатите две години.

Меси самиот порача дека „Франс Фудбал“ мора да му додели „Златна топка“ за оствареното во 2020-та година, но зборовите на Аргентинецот се само утеха која сигурно нема да го задоволи Полјакот. Како и многумина други, на оваа тема се јави и Јирген Клоп.

– Навистина веќе не сум сигурен за критериумите на „Златната топка“. Секогаш може да му ја дадете на Меси поради кариерата која ја оствари, но ако не му ја дадоа на Левандовски овојпат, не знам кога ќе му ја дадат. Тоа е навистина тешко за него.

– Исто така, сметам дека Салах требаше да биде многу погоре од седмото место, навистина бев непријатно изненаден. Некаде видов какви се критериумите и навистина не ги разбирам. Гласате вие новинарите, така да вие сте виновни, не барајте одговори од мене, – им порача Клоп на новинарите пред дербито со Евертон кое се игра утре.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни