Поврзете се со нас

Англија

Клоп: Не сум полош менаџер од минатата сезона

Објавено

на

Foto:twitter.com/LFC

Ливерпул води тешка битка за пласман во Топ 4 зоната во Премиер лигата, а по ремито со Челси, нов предизвик ќе му биде Арсенал.

„Црвените“ се домаќини и мора да одат на позитивен резултат, а менаџерот Јирген Клоп повторно морал да се објаснува пред новинарите поради неочекувано слабата сезона.

– Јас не сум полош менаџер од минатата сезона и фудбалерите не се послаби од минатата сезона. Едноставно играат полошо.

– Вообичаено е за фановите и новинарите да не биде доволно она што го правиме следната сезона. Но, очекуваме да го освежиме тимот со засилувања, тоа е планот.

– Не можеме да направиме 24 измени, не можеме да направиме ниту 10, но мора да направиме паметни измени и да ја подобриме ситуацијата, – изјавил Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни