Поврзете се со нас

Англија

Клоп: Не сме слепи, секако дека го посакувавме Мбапе

Објавено

на

Угледната шпанска „Марка“ вчера информираше дека Килијан Мбапе веќе се договорил за петгодишен договор со Реал Мадрид, и тоа откако во меѓувреме ја одбил последната понуда од ПСЖ, но и една примамлива од Премиер лигата.

Според последните информации, францускиот репрезентативец го одбил и клубот кој сакал да ја искористи битката меѓу ПСЖ и Реал, а тоа бил Ливерпул кој воспоставил контакт со агентите на фудбалерот.

На крајот, истите биле задоцнети и безуспешни, а доволен доказ за тоа е и искрената изјава на Јирген Клоп пред денешниот натпревар против Саутемптон во Премиер лигата.

– Секако дека бевме заинтересирани за Килијан Мбапе, ние не сме слепи. Но, не можам да кажам ништо повеќе од тоа, меѓу Килијан и Ливерпул е завршено.

– Секако дека ни се допаѓа како играч, ако не ни се допаѓа таков фудбалер, треба да се запрашаме што бараме во оваа работа. Но, за жал, ние не можеме да бидеме дел од битките за неговиот потпис, има други клубови кои се инволвирани и го знаеме тоа. Се е во ред, тој и натаму останува голем играч во нашите очи, – вели Клоп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни