Клоп не пропушти да го „поздрави“ Солскјер по победата во дербито

klop-use

Оле Гунар Солскјер не може да размислува само за дерби поразот од Ливерпул кој го претрпе неговиот тим на „Енфилд Роуд“, од едноставна причина што норвешкиот стручњак доби и исклучително лоша вест од лекарскиот тим на „ѓаволите“.

Норвежанецот призна дека Рашфорд може да не игра во наредните три месеци поради сериозна повреда на грбот, а проблемите на најдобриот играч на Јунајтед направија Солскјер да има доста поскромна анализа на дербито со актуелниот лидер во Премиер лигата. За разлика од него, Јирген Клоп беше расположен за зборување на прес-конференција, а истовремено не пропушти да го „поздрави“ Оле за доминацијата на теренот која ја демонстрираше Ливепрул.

– Какви перформанси, какви перформанси против тим со квалитет како Јунајтед, какви перформанси против тим кој беше така поставен. Оле ќе го каже истото. Тие сакаа да не вознемират, сакаа да направат да имаме дистракција. Се бранеа и играа на контри. Имаше моменти и кога играа фудбал, но не пречесто. Поради тоа, нас ни беше доста тешко да создаваме зрели шанси, но начинот на кој ги креиравме оние што ги имавме беше неверојатен и исклучителен, – изјави Германецот.

Facebook Коментари