Поврзете се со нас

Англија

Клоп: Не можам да поверувам дека имаме +20 во однос на Сити

Објавено

на

Ливерпул има отворен пат да дојде до титулата во Премиер лигата, но тренерот Јирген Клоп се уште не може да поверува дека на таков доминантен начин ќе стигнат до истата и тоа во ситуација кога за главен противник го имаат тимот на Манчестер Сити.

-Ги гледав против Барнли (Сити победи 5: 0) и си помислив само една работа, како е можно некој да има 20 поени повеќе од нив. Тоа е навистина незамисливо. Ние мора да направивме многу добри работи штом ситуацијата е таква, -истакна Клоп.

„Црвените“ во првата средба по рестартот на лигата ремизираа со Евертон, сега им следи дуел со Кристал Палас на „Енфилд Роуд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни